Барса со победа си оди од „белградскиот пекол“, убедлив пораз на Црвена звезда!

Црвена звезда не успеа да ја искористи поддршката од домашната публика и да ја совлада Барселона, црвено-белите беа поразени со 79-89.

Навивачите на Црвена звезда се надеваа дека добрата форма во која се наоѓаше тимот ќе продолжи и вечерва против Барселона, но останаа разочарани.

Српскиот гигант освен почетното водство од 2-0, не успеа да поведе во ниту еден друг период од натпреварот иако најчесто беше блиску до Барселона.

Во текот на третиот период Црвена звезда на двапати израмнуваше, беше 52-52 и 55-55, но не успеаа да го свртат резултатот. Во последниот период дојдоа до минус еден, но кога требаше да се реши победникот, Барселона истапи и направи предност за мирна завршница и триумф од 89-79.

Кошаркарот на Барса, Клајбрн со 22 поени беше најефикасен на натпреварот, кај Црвена звезда најдобар беше Милер-Меклнтајр со 19 поени.