Вардар го дозна распоредот за главната рунда од ЕЛ – почнува дома против Германци!

Екипата на Вардар со синоќешната победа над Тулуз (37-35) го зацементира пласманот во втората фаза од Европската лига, а денеска го дознаа и распоредот во главната група во која покрај нашиот тим и Кристијанштаф се уште и Мелсунген и Бенфика.

Црвено-црните почнуваат на домашен терен кон средината на февруари следната година и тоа против германскиот Мелсунген, кој единствен пренесува максималните 4 бода во оваа рунда. Вардар и Кристијанштад започнуваат со по 2 бода, додека Бенфика влегува без пренесени бодови.

Пласманот во нокаут-фазата ќе зависи од позициите по завршувањето на групата – првопласираниот тим обезбедува директно четвртфинале, додека второто и третото место водат во осминафинале.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

17 февруари: Вардар – Мелсунген

24 февруари: Бенфика – Вардар

3 март: Вардар – Бенфика

10 март: Мелсунген – Вардар