Касано удри по човекот со кој го има единственото Скудето: Ќе биде заборавен како Мурињо
Милан во овој момент е лидер на табелата со 28 бодови, но на Касано не му се допаѓа како „росонерите“ играат.
„Се сеќавате што ви кажв дека Мурињо е готов и дека порано или подоцна ќе биде заборавен. Истото ќе се случи и со Алегри“, изјави Касано.
Истакна и дека не може да замисли дека Милан во 2024 година игра таков фудбал.
„Милан е историја, убавна, естетика и квалитет. Што прават тие? Сите стојат пред голманот, нема длабочина“, изјави меѓу другото Касано.
Интересно е што Касано во кариерата освои едно Скудето и тоа во Милан со Алегри како тренер во 2011 година.