Не игра Леброн - нема проблем: Дончиќ ги водеше Лејкерс до седмата победа по ред (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ гo предводеше Лос Анџелес Лејкерс до седмата победа во во низа, постигнувајќи 34 поени.

Тимот од Калифорнија го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 133-121, а одличниот Словенец реализира 20 поени само во првата четвртина. Додаде и 12 скока и седум асистенции со што го заокружи својот фантастичен настап.

Ова беше 13. победа на Лејкерс во последните 15 натпревари. На Дончиќ многу му помогнаа Остин Ривс со 33 поени и осум асистенции и Деандре Ајтон со 22 поени и 12 скока. Леброн Џејмс беше одморен синоќа поради оток на левото стапало, но неговото отсуство не се почувствува бидејќи Дончиќ ја игра најдобрата кошарка во својот живот. Тој е лидер во НБА лигата со просек од 35 поени по натпревар, а е четврти во лигата по асистенции со 9,2 асистенции по натпревар. Синоќешниот натпревар против Пеликанс беше негов шести во низа на кој постигна 30 или повеќе поени.

Лејкерс сега се на второто место во Западната конференција со биланс од 15 победи и 4 порази. Само Оклахома Сити Тандер, актуелниот шампион на НБА, е пред нив, со најдобар скор во лигата од 20 победи и 1 порази. Лејкерс доминираат и во НБА Купот, каде што го освоија првото место во Групата Запад Б.

РЕЗУЛТАТИ
Кливленд - Бостон 115-117
Њујорк - Торонто 116-94
Филаделфија - Атланта 134-142
Портланд - Оклахома 115-123
Минесота - Сан Антонио 125-112
Сакраменто - Мемфис 107-115
ЛА Лејкерс - Њу Орлеанс 133-121