„Кукуреља го стави Јамал в џеб, Барса не е фаворит во ЛШ, туку Челси“
Големите ѕвезди на каталонскиот тим без тотално надиграни иако можеби се ќе беше поинаку ако Феран Торес постигнеше гол од идеална позиција во петтата минута. Сепак, тоа не ја намалува победата на лондонскиот тим Особено голем придонес за победата имаше поранешниот фудбалер на Барселона, Марк Кукуреља кој успеа да го запре Ламин Јамал, а ја иницираше акцијата од која Челси дојде во водство прелу автоголот на Кунде. Честитки за одличната игра, Кукуреља доби од својот голман Роберт Санчез кој и немаше многу работи на вчерашниот натпревар.
„Барселона не е фаворит за титулата во Лигата на шампионите, туку Челси е. Кукуреља го стави Јамал в џеб. Секогаш велам дека сите се добри играчи додека не дојдат во Премиер лигата“, рече Санчез кој е Шпанец, но својата кариера ја градеше во Англија и очигледно нема премногу респект за шпанските фудбалери и клубови.
Челси по овој триумф е на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите, со големи шанси да се пласира директно во осминафиналето од елитното натпреварување.
фото: EPA photo