Епски ножички на 40-годишниот Роналдо - подобри и од тие против Јувентус (ВИДЕО)

Голот број 955 на Кристијано Роналдо дефинитивно ќе остане запишан како еден од најатрактивните во неговата блескава кариера.

Ал Наср вечерва славеше на домашен терен против Ал Халиџ со 4-1, а последниот погодок беше дело на 40-годишниот португалски ас. Натпреварот беше решен кога тој начека еден центаршут од десната страна и со атрактивни ножички ја испрати топката во десниот горен агол од голот на гостинсиот тим.

Екипата на Ал Наср останува со максимален ефект по девет одигра кола и на првото место пред Ал Хилал кој има четири бода помалку.