Ќамили со гол во „стота“ го симна Митјиланд од врвот! (ВИДЕО)
Нашиот напаѓач го постигна голот за победа во 100. минута од пенал, нанесувајќи му вториот пораз на актуелниот шампион. Иако се работеше за решавачки момент, длабоко во судиското продолжение, Ќамили остана ладнокрвен и со силен удар во аголот ја затресе противничката мрежа.
Тоа е трет гол сезонава за Ќамили во данското првенство, а прв по 21 септември кога погоди против Вејле во ремито 2-2.