Прилеп со гол во последната секунда победи во Куманово! (ВИДЕО)
На 45 секунди до крајот Куманово почна напад, но погреши, домаќините ја загубија топката. Останаа уште неколку секунди за гостите кои со погодок на Владан Кастратовиќ во последните секунди дојдоа до победата.
Резултатот беше израмнет во целиот тек, на полувремето Куманово водеше со 15-14, но гостите од Прилеп успеаа да го свртат мечот во своја полза и во драма да дојдат до победа во Суперлигата.
По 13 одиграни кола Прилеп е на осмата позиција со 10 бодови, Куманово е претпоследен со четири.
Возбудливиот финиш од мечот може да го видите од тајмаутот на домаќините побаран во 29:15 минута од второто полувреме.