Арсенал го растури Тотнем во големото дерби, хет-трик на Езе! (ВИДЕО)

Арсенал одигра фантастичен меч и со убедливи 4-1 го победи својот најголем ривал, Еберечи Езе го постигна својот прв хет-трик во кариерата, утеха за Тотнем е тоа што Ришарлисон постигна спектакуларен гол од половина терен.

Шампионска партија на Арсенал, топчиите го искористија поразот на Манчестер Сити и ја зголеми предноста на врвот во Премиер лигата, а до денешната победа дојдоа на спектакуларен начин.

Фудбалерите на Арсенал беа доминантни од првата до последната минута, не само што му дадоа четири гола на Тотнем, туку го надиграа како ретко кога. Се редеа шанси пред голот на Викарио, а четири од нив влегоа во мрежата.

Серијата погодоци ја отвори Тросар, а потоа следуваа три гола на Еберечи Езе, негов прв хет-трик во кариерата.

Интересно, изминатото лето долго се шпекулираше за трансфер на Езе во Тотнем, а потоа тој се пресели во Арсенал.

Тотнем речиси и не создаде шанса на денешниот натпревар, но го дадоа најубавиот гол на мечот.

Ришарлисон шутна од половина терен и го лобуваше истрчаниот Раја, но тоа не им даде импулс на неговите соиграчи да го свртат текот на натпреварот.

По ова коло Арсенал има шест бода предност на врвот, а втор е тимот на Челси.

Фото: ЕПА