Погба емотивен: Не можев ниту да замислам дека ова ќе се случи

По пауза од две години, два месеци и 19 дена Пол Погба во вчерашниот натпревар на Монако се врати на фудбалските терени.

Погба како што е познато заработи суспензија поради допинг-тест, па постоеше реално сценарио и да ја заврши кариерата. Сепак, за негова среќа тоа не се случи.

Се врати на терените во дуелот на Монако со Рен, а Погба во натпреварот кој неговиот тим го загуби со 1-4 во игра влезе во 81. минута.

Иако одигра само десет минути, сепак по натпреварот беше и тоа како емотивен.

„Моментот кога видов како публиката станува и аплаудира, не можев ниту да замислам дека тоа ќе се случи. Чувствувам олеснување што можам повторрно да играм фудбал, работата што најмногу ја сакам“, изјави Погба.

Сепак, е свесен декап ред него има уште многу работа за да биде на нивото да одигра цел натпревар.

„Многу работа е пред мене, патот до враќање на формата е долг и далеку е денот кога ќе можам да одиграм 90 минути. Ако не играм добро за Монако, можам да заборавам и на дресот на репрезентацијата. Но, верувам во себе. Знам дека тоа што се случи не беше моја вина и никогаш не престанав да верувам“, порача Погба.