Драма на повидок: Норис и Пјастри пред брутална казна - двојна дисквалификација за Мекларен?!
Верстапен беше победник на денешната трка, но Норис изгледаше како најголем победник бидејќи со втората позиција обезбеди 30 бода предност на врвот пред Пјастри и 42 пред Верстапен.
Но, Мекларен се наоѓа под неколку истраги на ФИА и како што најавуваат медиумите постои реална можност Норис и Пјастри да бидат дисквалификувани од резултатите на трката.
Во завршницата од трката, Норис имаше проблем со горивото и неговиот болид губеше и по три ипол секунди по круг. Британецот мораше да користи „lift and coast“ тактика за воопшто да ја заврши трката. Иако, избегне откажување, ФИА има правила според кои секој болид мора во себе да има доволна количина за земање примерок. Со оглед на ситуцијата во која се најде, малку е веројатно дека болидот на Норис го исполнувал тој критериум.
Дополнителна причина за сомнеж предизвикува тоа што Мекларен ги одложи медиумските сесии на шефот на тимот, Андре Стела. Се наведува и дека во гаражата на Мекларен биле забележани луѓе од ФИА, додека екипата забрзано поставувала бариери да го затвори погледот на медумите. Се упатува на тоа дека проблемот со гориво бил сериозен, а потенцијалната казна може да биде само една - дисквалификација.
Меѓутоа, тука не завршуваат проблемите за Мекларен. ФИА потврди дека Норис и Пјастри се повикани пред судија поради прекумерно трошење на даската на подот на болидот.
„„Skid wear“ нa болидите 81 и 04 беше под минималната дозволена деебелина од 9 милиметри спореед член ТР 3.5.9 е“, стои во извештајот.
Значи, двата Мекларен паднале на основно техничко правило. Со оглед на тоа дека Хамилтон и Леклер претходно оваа сезона беа дисквалификувани поради идентичен прекршок, речиси извесно е дека Норис и Пјастри ги чека иста казна.
Ако, тоа се случи Верстапен би се израмни на второто мессто и целсоно би се вратил во трка за титулата во последните трки во сезоната со само неколку бода помалку од Норис.
Фото: EPA