Тиг раскажува смешна случка со Антиќ: Дебитираше на 35 години, се закануваше дека ќе ме тепа (ВИДЕО)

Соиграчот на Перо Антиќ од Атланта Хоукс, Џеф Тиг раскажа смешна случка со македонскиот интернационалец додека заедно настапуваа во НБА лигата.

Антиќ релативно стар замина во најсилната светска кошаркарска лига, но како што и самиот изјавуваше во свои интервјуа, одбивал да се однесува како класичен „руки“, односно дс ги слуша и да им се покорува на кошаркарите со подолг стаж во екипата и во лигата. Тоа го потврди и Тиг.

„Тој беше еден од најинтересните ликови со кои сум играл во кариерата. Имаше 35 (!) години кога дојде во НБА. Му викам да се однесува како дебитант и да слуша, а тој ми одговара: Имам деца колку тебе, ќе ти го истресам га*от“, низ смеа раскажа Тиг.

Македонецот, всушност, замина во НБА на 31 година, на иста возраст како, на пример, Арвидас Сабонис. Во тоа време (2013 година), Тиг имал 25 години и ја играл петтата сезона во НБА.