Најбогатиот човек во светот за 2024 година влегува во Реал Мадрид!?

Бернар Арно, најбогатиот човек во светот во 2024 година е сериозно заинтересиран да стане малцински сопственик на Реал Мадрид.

Флорентино Перез денеска ќе објави план за отворање на Реал Мадрид за странски инвеститори, што досега не беше практика бидејќи тоа не е дозволено според статутот на клубот. Арно е подготвен да инвестира една милијарда долари во Реал Мадрид за 10% од акциите на клубот.

Бернар Арно (1949) е француски бизнисмен и раководител на LVMH, најголемата луксузна група во светот (Louis Vuitton, Dior, Moët & Chandon, Hennessy, Tiffany & Co., итн.). Тој и неговото семејство поседуваат околу половина од LVMH, а благодарение на растот на таа компанија, тој постојано се наоѓа на врвот на листата на најбогати луѓе во светот, со богатство проценето на околу 170-190 милијарди долари во последните години.a.