Лудница во Бундеслигата: На натпреварите на Баерн и Борусија паднаа 14 гола! (ВИДЕО)

Во еден од најефикасните натпревари во сезоната екипата на Баерн Минхен денеска на свој терен со 6-2 славеше победа над Фрајбург.

Не започна добро натпреварот за избраниците на Компани кои имаа негатива и од два гола. Сузуки го отвори резултатот по само 12 минути игра, а веќе во 17-тата по еден корнер Манзаби се погрижи за 2-0. Но, Баерн како многу пати досега знаееш да се врати. Така преку Карл во 22. минута намали на 2-1, додека во последните моменти од првиот дел за израмнување на 2-2 се погрижи Олис.

Се тресеше мрежата на Фрајбруг во 52. минута кога вториот гол на Карл беше поништен поради недозволена позциија. Сепак, три минути подоцна Упамекано донесе целосен пресврт. Хари Кејн ја продолжи својата одлична форма и на истекот на еден час игра погоди за 4-2. До крајот на натпреварот погоди и Џексон, а втор гол постигна Олис за конечни 6-2.

Ефикасно беше и во Дортмунд каде што „милионерите“ ремизираа со Штутгарт 3-3. Одлично го отворија натпреварот домаќините и со головите на Чан и Баиер на полувреме имаа предност од 2-0. Само што започна вториот дел Ундав намали на 2-1, а истиот играч израмни во 71. минута. Претходно ВАР поништи гол на Гираси поради офсајд.

Големи возбудувања донесе и завршницата Адејеми стрелаше за 3-2 во 89. минута, меѓутоа Ундав само две минути подоцна комплетираше хет-трик и недозволи Штутгарт да загуби.

На останатите средби, Леверкузен на гости кај Волфсбург победи со 3-1, Менхегладбах со 3-0 исто така на гости го совлада Хајденхајм, додека Аугусбург дома со минмални 1-0 се радувааше против ХСВ.