Гол-шоу на Каљари и Џенова, Болоња сигурна против Удинезе (ВИДЕО)

Фудбалерите на Каљари и Џенова попладнево го одиграа еден од најефикасните натпревари во сезоната кој заврши без победник (3-3).

Возбудувањата беа најавени по само 18 минути игра кога во листата на стрелци се запиша Витиња, додека за израмнување се погрижи Борели по пловина час игра. Остигард во 41- минута го врати водството на Џенова, но и тука не беше крајот на возбудувањата во првиот дел. Еспизито две минути подоцна донесе ново израмнување.

Во второто полувреме по еден час игра успеа Каљари и првпат да поведе во натпреварот со голот на Борел. Водството на домашниот состав беше актуелно се до 60. минута кога Мартин ги постави конечните 3-3.

Вториот натпревар во истиот термин донесе далеку помалку неизвесност и во него Болоња на го совлада Удинезе со 3-0.