Детонит Плачковица реагира: Бара службена победа против Преспа!

Екипата на Детонит Плачковица поднесе официјална жалба до Натпреварувачката комисија на ФФМ за вчерашниот натпревар од 13. коло во ВМФЛ против Преспа кој заврши без победник 1-1.

Според забелешката на клубот од Радовиш екипата на Преспа направила неправилна замена на фудбалер до 21 година и тие бараат службена победа од 3-0.

„Врз основа на Официјалниот записник од натпреварот одигран на 21.11.2025 година во Радовиш помеѓу екипите на ФК Детонит Плачковица, Радовиш и ФК Преспа Ресен, според член 206 од Пропозициите за натпреварување на Фудбалската федерација на Македонија направени се неправилности при замени на играчи до 21 година за време на натпреварот започнува бр.6 ,8,9 до 21 година во 56 мин. излегува 8 влегува 15 исправна, во 75 мин. излегува 9 влегува 16 неисправна.

Почитувани, бараме по неправилностите на натпреварот при измени на играчи до 21 година според Пропозициите на ФФМ, истиот да биде регистриран со 3:0 за ФК Детонит Плачковица“, стои во жалбата.