
Партизан доцна се разбуди во Мадрид - немаше сила за пресврт против Реал!
„Кралевите“ многу рано стигнаа до двоцифрена предност против „црно-белите“ од Белград (19-8), а првата четвртина ја добија со 24-12.
Добрата игра на шпанскиот гигант продолжи до крајот на првото полувреме кое го доби со 52-33, а Партизан почна да се буди дури во последната четвртина кога од -19 (61-80) стигна на само четири поени негатива (82-86). Сепак, Реал не дозволи пресврт и успеа да слави со 93-86.
Најефикасен во победничкиот тим беше Таварес со 19 поени и девет скокови, додека Лајлс додаде 17 поени и пет скокови. На спротивната страна најефикасен беше Џабари Паркер со 21 поен, еден скок и една асистенција.
Останати резултати:
Париз – Басконија 105-87
Виртус Болоња – Монако 77-73
Валенсија – Хапоел Тел Авив 93-100
Панатинаикос – Асвел 91-85
Фото: KK Partizan