Тиквеш издоминира во Гостивар за прва победа во сезоната

По вчерашната победа на МЗТ против Маџари, денеска се одигра и вториот натпревар од новата сезонаа во кошаркарското првенство во кој Тиквеш славеше над Гостивар со 67-81.

Тимот од Кавадарци немаше никакви проблеми на гостувањето во Гостивар, а домаќините имаа водство само во еден момент од натпреварот 12-11.

Од тој момент гостите започнаа да го трасираат патот кон првата победа во сезоната.

На стартот од втората четвртина Тиквеш дојде и до двоцифрена предност која ја одржуваше до крајот на првиот дел кој заврши со 30-42.

Не се промени сликата ниту во вториот дел, продолжи сигурната игра на гостите, па прашање беше само со колкава разлика Тиквеш ќе слави, на крајот таа изнесуваше 14 поени.

Не помогна за Гостивар ниту одличниот Абрам кој средбата ја заврши со 30 поени, пет скока и три асистенции, најдобар кај Тиквеш беше Кристофер Дес со 23 поени, четири скока и три асистенции.