
Ливерпул на голема мака, во најтешкиот период без првиот голман
Во претстојните два месеца Ливерпул ќе остане без првиот голман, а токму во овој период му претстојат неколку исклучително важни натпревари. Алисон ќе ги пропушти дуелите против Челси, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, како и Реал во Лигата на шампионите.
Дупката ќе треба да ја пополни грузискиот голман Ѓорги Мамардашвили кој се уште не дебитирал за Ливерпул на официјален натпревар.