Класата е вечна: Несторовски со еврогол му донесе победа на Славен (ВИДЕО)

Екипата на Славен се искачи на третото место на табелата во хрватското првенство откако вечерва на домашен терен ја совлада Истра со 2-1 за трет триумф во сезоната.

Херој на тимот од Копривница беше македонскиот интернационалец Илија Несторовски кој го постигна својот прв гол сезонава - и тоа каков. При резултат 1-1, Шуто го проигра нашиот напаѓач на работ на шеснаесетникот, а овој со прекрасен удар го лобуваше противничкиот голман и ја затресе мрежата на Истра.

Ова беше петти натпревар на Несторовски оваа сезона, на претходните четири, два пати одигра цел меч, а два пати по 45 минути, но вечерца го постигна првиот гол.