Охриѓанецот Осман ќе го пропушти полуфиналето на Евробаскетот!?

Кошаркарите на Турција од 20 часот ќе се соочат против Грција во полуфиналето на Евробаскетот, но на теренот најверојатно нема да се најде еден од најдобрите играчи, Чеди Осман.

Охриѓанецот Осман има проблеми со скочниот зглоб, откако се повреди во осминафиналето против Шведска.

„Осман добива терапија, но не можеше да тренира со екипата. Неговата состојба е неизвесна пред мечот со Грција“, кажа селекторот Ергин Атаман.

Кошаркарот во просек постигнува по 15 поени по натпревар во досегашниот дел од турнирот.

Фото: FIBA