
Брајтон е омилен клуб на Челси, „сините“ за три години му купија 15 играчи
Станува збор за Хулио Енсисо кој ќе се пресели во лондонскиот клуб за отштета од 16 милиони евра. Всушност, младиот играч за врска претстојната сезона ќе ја помине на позајмица во филијалата на Челси, Стразбур, а догодина ќе го облече дресот на клубот од Стемфорд Бриџ.
Брајтон во последните три години е омилен клуб на Челси кога станува збор за засилувања. Оттаму „сините“ купија дури 15 фудбалери, како и поранешниот менаџер Грем Потер и неговиот стручен штаб. За трансфери, компензации и позајмици, Челси на Брајтон му плати вкупно 257 милиони фунти.
Најмногу од нив, 115 милиони отидоа на трансферот на Мојсес Каиседо, а оттаму на Стемфорд Бриџ се преселија и Марк Кукуреља, Жоао Педро, Роберт Санчез итн.