
Најдебелиот фудбалер во НФЛ доби забрана за играње поради – екстремната тежина!
Раководството на клубот му постави јасен услов – без намалување на килограмите, нема да може да игра. Вотсон го привлече вниманието на скаутите и на медиумите на тестирањетоза влез во НФЛ со импресивните килограми. Иако не беше избран на драфтот, Баканирс му дадоа шанса како слободен играч, со што стана најтежок фудбалер во историјата на лигата.
Сепак, неговото деби беше стопирано уште пред да почне. Клубот го смести на листата играчи со „нефудбалски повреди“ – процедура резервирана за играчи кои не можат да настапат поради здравствени причини што не се директно поврзани со повреда на терен. Во неговиот случај, проблемот е телесната тежина.
Вотсон наводно намалил на околу 204 килограми, но генералниот менаџер Џејсон Лихт и тренерот Тод Боулс истакнаа дека тоа не е доволно. Пред него се поставени конкретни цели за тежина и физичка подготвеност, кои мора да ги исполни пред повторно да му се дозволи да тренира со тимот.