Дани Олмо е сигурен: Барса се засили повеќе од Реал

Шпанскиот шампион Барселона летово донесе три засилувања и најверојатно нема да ангажира повеќе нови фудбалери со оглед на тоа што го задржа костурот од минатата сезона.

На Камп Ноу дојдоа голманот Жоан Гарсија, крилниот играч Рони Бардги и напаѓачот Маркус Рашфорд. Никој од нив не е мега ѕвезда во моментов и покрај тоа што Рашфорд дојде од Манчестер Јунајтед и е долгогодишен англиски репрезентативец, но Дани Олмо тврди дека Барселона летово е подобро засилена отколку Реал Мадрид кој ги донесе Дин Хујсен, Трент Александер Арнолд, Алваро Карерас и Франко Мастантуоно.

„Засилени сме и нашиот тим е унапреден. Дали сме посилни од лани? Секако, мислам дека сме повеќе засилени од Реал“, изјави Олмо.

Тој го поздрави Атлетико кој донесе 11 нови фудбалери, но во исто време шпанскиот репрезентативец рече дека никој во клубот не се осврнува на другите екипи, туку го гледа само својот двор.