
Меси наскоро потпишува договор каков што нема никој друг
Постоеа најави дека Меси може да си замине од Мајами со цел да игра во посилна лига пред Мундијалот во 2026 година, но тоа нема да се случи. Доказ е и трансферот на еден од неговите омилени соиграчи од репрезентацијата, Родриго Де Пол кој пристигна ова лето.
Но, она што привлекува внимание е неговиот договор кој се најавува низ медиумите во САД. Имено, Меси би можел да биде првиот фудбалер кој ќе има договор во кој нема да има временски интервал, односно ќе може да игра до кога сака и во било кој момент би можел да ја прекине соработката.
Покрај тоа кога ќе одлучи да стави крај, веднаш ќе има обезбедено место во раководството на клубот.
Фото: Inter Miami CF/X