Вардарецот Карачиќ потпиша за тимот во кој Дибиров ја заврши кариерата!

Хрватскиот репрезентативец и член на шампионската генерација на Вардар, Игор Карачиќ, по 16 години печалбарски живот се враќа во татковината, откако денеска и официјално стана ново засилување на тимот Загреб.

Искусниот среден бек потпиша двегодишен договор и ќе му се приклучи на тимот пред настапот во Лигата на шампионите следната сезона. Карачиќ доаѓа од полскиот Кјелце, каде што настапуваше последните шест години. Тој во ноември ќе наполни 37 години, но и понатаму е во врвна форма, а понудата на „плинарите“ од Загребја избра пред тие од Кувајт и од германскиот Вецлар.

Карачиќ со своето искуство и ракометен педигре ќе биде значајна алка во составот на тренерот Андрија Николиќ, особено по пензионирањето на поранешниот соиграч Тимур Дибиров, со кого играше заедно во Скопје, а кој ја заврши кариерата токму во дресот на Загреб.