
„Кралевите“ пак ќе атакуваат на сите трофеи: НБА кошаркар пред потпис со Реал Мадрид
Веќе го смени тренерот и на позицијата го постави Серџо Скариоло, нови засилувања се Дејвид Крамер и Тео Маледон, а следна цел е еден НБА кошаркар. Станува збор за Чума Океке кој последните пет сезони играше во НБА лигата, последен тим му беше Кливленд, а претходно настапуваше за Орландо и Филаделфија.
Во 2019 година Океке беше избран како 16. пик на драфтот, додека своите минути ги бараше и низ Развојната лига каде учествуваше како член на филијалата на Њујорк Никс.