
„Бомба“ од НБА: Лејкерс имаат план – сакаат да се разделат со Леброн!
Леброн ја искористи играчката опција за наредната сезона и немал дилеми дека ќе биде дел од тимот и во наредната сезона, меѓутоа новинарот Џон Габадоро има поинакви информации.
Наводно, во Лејкерс сакаат колку што е можно побрзо да ја завршат соработката со Леброн, па дури ако има можност и пред Џејмс да стане слободен наредното лето.
Споед новиот договор Џејмс наредната сезона ќе добие околу 52 милиони долари и тоа е повеќе од минатата сезона, но во договорот нема излезна клазула, па така за да замине Лејкерс мора да имаат потврда и од самиот Џејмс.
Со ослободувањето од Леброн во Лејкерс освен што би го олесниле буџетот, сакаат и да му дадат дополнителен простор на Лука Дончиќ околу кој би требало да се гради тимот за наредните години.
Но, дефинитивно дека на Лејкерс нема да им биде лесно да го спроведат својот план, најмногу поради богатиот договор кој во овие години, веројатно Леброн тешко би го добил на друго место.
Фото: Los Angeles Lakers/X