Рубљов освои сет и го налути Алкараз, па доживеа тежок пораз на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше против Андреј Рубљов со 3-1 во сетови, односно 6-7, 6-3, 6-4 и 6-4 и се пласира во четвртфинале на Вимблдон.

Рубљов во тај-брејк го освои првиот сет и го налути актуелниот освојувач на Вимблдон, кој се разбуди во продолжение од натпреварот и во следниот возврати со 6-3.

Алкараз беше одличен и во третиот сет, кој му припадна со 6-4, додека во четвртиот повторно славеше со идентичен резултат и обезбеди четвртфинале.

Шпанецот во четвртфинале ќе се соочи против Камерон Нори.

Фото: EPA PHOTO