Пред неколку дена играше на СКП, а сега е уапсен во Париз! (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Алжир и член на тимот Есперанс, Јусев Балаили беше приведен на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз откако одбил да го врзе сигурносниот појас на детето кое патувало со него. 

Стјуардесите неколку пати го предупредиле, но тој влегол во расправија со екипажот, по што пилотот побарал интервенција на полицијата по слетувањето.

Белаили е задржан во полициска станица, а против него е покрената постапка поради нарушување на редот и безбедноста во воздушен сообраќај. Се очекува наскоро да се појави пред суд. Многумина го осудија неговото однесување, потсетувајќи дека и претходно имал проблеми со дисциплината, вклучувајќи и суспензија поради допинг во 2015 година.

Тој настапи на Светското клупско првенство со Есперанс и постигна гол против Лос Анџелес. Неговиот тим беше аутсајдер во групата и беше елиминиран во групната фаза.