
Вардар одигра реми на контролката против Напредак
Вардар ремизираше на денешниот натпревар против Напредак во Словенија. Ова беше и последната контрола за црвено-црните пред враќањето во Скопје.
Головите за Вардар ги постигнаа Дурански и Закариќ.
Пред овој натпревар, Вардар во подготовките ги победи Будуќност (3-0) и Рапид Букурешт (1-0), а загуби од Марибор (5-0) и Олимпија Љубљана (2-0).
Вардарци утре се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за дуелите со Ла Фиорита од Сан Марино во рамките од квалификациите за Конференциската лига. Првиот меч се игра на 10 јули во Скопје, реваншот е седум дена подоцна на гостински терен.