Алкараз без мака до третото коло на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со сигурна победа од 3-0 против Британецот  Оливер Тарвет го продолжи походот кон одбрана на титулата.

Дека нема да дозволи изненадување Шпанецот најави уште во првиот сет во кој на противникот му дозволи само еден гем.

Во наредните два Тарвет пружи нешто посилен отпро и освои по четири гема, но сепак тоа беше премалку за изненадување против фаворитот.

Во следната рунда Алкараз ќе се соочи против подобриот од мечот помеѓу Канаѓанецот Феликс-Оже Алијасим и Германецот Штруф.