
Вардар се засили со Нигериец од Брера
Нигерискиот офанзивен фудбалер за врска во македонскиот фудбал е две сезони, а во последната настапи на 28 натпревари во кои постигна еден гол и подели четири асистенции. Пет настапи додаде и во Купот на Македонија каде што има еден погодок.
Пред Брера 25-годишниот фудбалер беше дел од литванските Судува и Хегелман, додека кариерата ја започнал во екипата на Реал Сафире од неговата татковина.