Не е само Дејвид, Јувентус пред засилување и од Премиер лигата

Екипата на Јувентус е пред реализација на две засилувања во нападот за наредната сезона и тоа би требало да биде почеток на активен преоден рок за гигнатот од Торино.

Според повеќе информации од Италиа и Франција, канадскиот репрезентативец, Џонатан Дејвид наскоро треба да потпише договор со „старата дама“. Напаѓачот пристигнува како слободен играч откако му истече соработката со францускиот тим.

Во последние сезони Дејвид беше еден од најдобрите стелци во Лига 1, а сега одлучи дека е време за нов чекор во кариерата, Јувентус се покажа како најсериозен и успеа да го убеди.

Покрај него се очекува многу брзо да биде завршен и трансферот на Џејдон Санчо од Манчестер јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“ не смета на англискиот фудбалер, па се очекува да нема проблеми.

Детали околу ситуацијата со Санчо засега не се откриваат, додека Дејвид во Торино би требало да заработува околу шест милиони евра.