
Работнички го врати во своите редови „детето на Вардар“
Велкоски е 29-годишен дефанзивец и во Дебар Маало пристигнува како слободен фудбалер, а последниот ангажман го заврши во јануари кога го напушти казахстанскиот Туран.
Кариерата ја започна во Вардар, а беше дел уште од: Љубанци, Победа, Скопје и Брегалница во Македонија, додека во странство настапуваше уште за Егиниакос (Грција) и Лачи (Албнија).
Ќе потсетиме, Работнички во квалификациите за Конференциската лига го чека двомеч против Toрпедо Белаз од Белорусија. Првиот натпревар дебармаалци ќе го играат на гости на 10 јули, додека вториот е закажан на Арената „Тодор Проески“ за 17 јули.