
Maнасков не оди никаде - потпиша нов договор со Пелистер!
Манасков со битолскиот клуб се договори за соработка на уште една сезона, па така и во наредната ќе го носи дресот на пелистерци.
„Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампионите“, истакнаа од клубот по продолжувањето на соработката.
Во Битола Манасков пристигна во јануари 2024 година и со овој клуб веќе има две шампионски титули на Македонија, а во кариерата го носеше дресот уште на: Вардар, Металург, Вецлар, Рајн-Некар Левен, Веспрем...
Пелистер на позицијта лево крило покрај Манасков ги има уште Цветан Кузманоски и Петар Атанасијевиќ.