Челси доби големо засилување пред четвртфиналето на СП за клубови! (ФОТО)

Англискиот гигант Челси денеска го промовира новото засилување Жоао Педро од Брајтон за 60 милиони фунти и веднаш го вклучи во тимот за настап на Светското првенство (СП) за клубови.

Педро им се приклучи на новите соиграчи и ќе биде во конкуренција за настап во четвртфиналето на СП за клубови, каде што Челси ќе се соочи против бразилски Палмеирас.

Бразилскиот фудбалер стави потпис на седумгодишна соработка со Челси, односно до 2032 година.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club