Зверев откри: Се чувствувам осамено, нема повеќе радост во мојот живот

Третиот тенисер во светот Александер Зверев загуби во првото коло од турнирот во Вимблдон, а потоа ги шокира навивачите откако откри дека има психички проблеми.

Зверев по поразот од Артур Риндернех откри дека се чувствува осамено во животот и размислува да побара помош.

„Никогаш досега не сум се чувствувал толку празно. Понекогаш се чувствувам осамено. Се мачам, едноставно не знам како да најдам спас. Се обидувам да се извлечам од оваа дупка, а постојано се наоѓам во неа“, кажа Зверев.

Германецот во моментов се наоѓа на третата позиција на АТП-листата.