Арена спорт ќе ја пренесува денешната контрола на Вардар против Напредак!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска ќе одигра пријателски натпревар против српски Напредак, а натпреварот ќе го пренесува „Арена Спорт“ од 17.30 часот.

Македонскиот тим продолжува со подготовките за новата сезона во која влегува со поголеми амбиции, а во изминатиот период направи одредени измени во составот, па средбата со Напредак ќе служи како контролен тест.

На Вардар по подготовките му следи предизвикот во квалификациите за Конференциската лига против Ла Фиорита на 10 и 17 јули.

„Црвено-црните“ минатата сезона во Првата лига ја завршија на петтата позиција со 45 бодови.