Лукаку: Не сакав да заминам од Челси, но ме избркаа!

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку има солидна сезона зад себе во која го освои Скудетото со Наполи, а во разгвоор со медиумите откри детали од неговото време поминато во Челси.

Лукаку кажа дека сакал да остане во премиерлигашот, односно по финалето со Интер во Лигата на шампиони (ЛШ) имал разговор со управата на „сините“ и побарал шанса во првиот тим.

„По финалето со Интер, се вратив во Челси и побарав место во првиот тим. Тие ме испратија да тренирам со резервите и потоа во медиумите се појави приказна дека сакам да заминам. Тоа не е вистина, не сакав да заминам, но ме избркаа“, кажа Лукаку.

Искусниот напаѓач во кариерата играше за Андерлехт, Челси, ВБА, Евертон, Манчестер јунајтед, Интер и Рома пред да се пресели во Наполи.