
Динамо Загреб го потпиша првиот Бугарин во клупската историја!
Ова е тринаесетти трансфер на „модрите“ ова лето, во серијата засилувања што ја води Звонимир Бобан. Божков пристигна во Хрватска во декември минатата година, кога се приклучи на Локомотива Загреб од бугарски Лудогорец. Тренерот на кадетите на Локомотива, Жељко Дацер, за младиот играч говори во суперлативи.
„Тој е фудбалер каков што секој тренер посакува во својот тим – играч од средниот ред кој можеби не прави атрактивни потези, но е многу корисен и не се двоуми да постигне гол“, изјави Дацер.
Фудбалската кариера на Божков започна во Лудогорец, а неговиот потенцијал веќе се споредува со оној на Дани Олмо, кога дојде во Динамо од младинската школа на Барселона.
ФОТО: SportNews.hr