Ѓоковиќ и од Вимблдон ја поддржа борбата на студентите против Вучиќ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ, со препознатливиот гест на „пумпање“, повторно го привлече вниманието на јавноста – овојпат на Вимблдон и тоа веднаш по победата против Французинот Александар Мулер (6-1, 6-7, 6-2, 6-2).

Тој симболичен потег, кој во Србија веќе одамна е симбол на борбата против на студентите режимот на Александар Вуќиќ, беше проследен со бурна реакција од неговото семејство и силна емоција од навивачите, особено младите на социјалните мрежи. Ѓоковиќ испрати порака без зборови – со гест што станува сè помоќен. Неговата ќерка Тара прва ја препозна намерата и му возврати со истата гестикулација, додека сопругата Јелена делуваше изненадено, но со аплауз го поддржа моментот на прослава.

Иако тој на прес-конференцијата објасни дека гестот е приватна шега меѓу него и децата, инспирирана од поп-хитовите „Pump It Up“ и „Баци све са себе“, во Србија гестот доби и дополнителна тежина. На социјалните мрежи, особено меѓу студентските групи, веднаш уследија реакции: „Пумпај, Новак!“ – напишаа студентите на ЕТФ кои се во блокада, препознавајќи во него симболична поддршка за тековните протести.

Ова не е првпат Ѓоковиќ индиректно да изрази свој став за политичката ситуација во Србија. Уште зимоска даде поддршка на младите во нивната борба за правична држава и општество. Иако дипломатски воздржан во изјавите, неговото „пумпање“ сè почесто се чита како тивок отпор – и како израз на солидарност со народот.

ФОТО: EPA PHOTO