
Атлетико Мадрид потврди трансфер од 20 милиони евра!
Атлетико Мадрид и официјално го потврди трансферот за кој плаќаат 17 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси.
„Нашиот клуб и Аталанта постигнаа договор за трансфер на младиот италијански бек ко ќе го носи црвено-белиот дрес во наредните пет сезони. Матео Руџери потпиша договор до 30 јуни 2030 година“, стои во соопштението на Атлетико Мадрид за трансферот на 22-годишниот фудбалер.