
Српски голгетер ќе го предводи нападот на Милан!?
„Росонерите“ тргнаа по потписот на Хрватот Лука Модриќ, а наскоро би можеле да го договорат и српскиот голгетер Александар Митровиќ од Ал-Хилал.
Србинот минатата сезона постигна 19 голови во 23 натпревари во шампионатот на Саудиска Арабија.
Митровиќ во кариерата играше за Партизан, Андерлехт, Фулам, Њукасл и Ал-Хилал.