
Дамјан е еден и неповторлив – прв со дабл-дабл трофеи во историјата на макбаскетот!
Тој со најновата шампионска титула, Стојановски стигна до двоцифрен број трофеи во домашниот шампионат - сите во дресот на МЗТ Скопје. Истовремено, неговата колекција од Купови се искачи на десет, што е досега невиден успех во македонскиот спорт. Иако сите првенствени титули ги освои со клубот од Аеродром, во Купот на Македонија има нешто поразновидна статистика – еден трофеј со Вардар, еден со Амак СП, а преостанатите осум со МЗТ Скопје.
Со ова достигнување, Стојановски не само што ја потврди својата улога како лидер и симбол на македонската кошарка, туку постави рекорд што тешко ќе биде надминат во блиска иднина.