Ќотек кој ќе го памети: Албанец од кафезот пренесен директно во болница - добил 100 удари! (ВИДЕО)

Во Минхен беше одржан вистински ММА спектакл, а публиката во „МВП Парк“ салата сведочеше и на една драматична сцена.

Имено, албанскиот борец, Аријан Топалај беше поразен од Денис Фримпонг и ќотекот кој го доби во кавезот сигурно долго ќе го памети.

Ирецот победи со технички нокаут во третата рунда откако според статистиката борецот од Албанја примил околу 100 удари по што изгубил и свест.

По борбата не можеше да стои на нозе поради што на носилка беше изнесен од кафезот и веднаш пренесен во болница, а според информациите за среќа се наоѓа надвор од животна опасност.