
Реал Мадрид дефинитивно со новиот тренер ќе настапи на Светското клупско првенство!
Одлуката е донесена со цел тој да го води тимот на Светското клупско првенство, кое клубот го смета за исклучително важно и од спортски и од финансиски аспект. Раководството на мадридскиот гигант смета дека турнирот е можност за рехабилитација по разочарувачката сезона без освоен трофеј. Дополнително, победата на првенството носи потенцијален приход од околу 150 милиони евра — сума што „кралевите“ не сакаат да ја пропуштат.
Претходно се шпекулираше дека Сантијаго Солари може привремено да ја преземе улогата на тренер, но „Марка“ открива дека клубот веќе ја формализирал соработката со Алонсо уште минатата недела. Одлуката е донесена и поради згуснатиот распоред, кој не остава простор за преоден период меѓу крајот на сезоната и подготовките за турнирот.
Алонсо во петокот најави дека заминува од Баер Леверкузен по крајот на сезоната, со што се отвори патот за негово враќање на „Сантијаго Бернабеу“, овој пат како стратег на „кралскиот клуб“ каде што ќе остане најмалку три години, колку што е траењето на веќе потпишаниот договор.