
Лаутаро отпишан за реваншот со Барселона
Според извештајот, тој има повреда на задната ложа на левата нога и иако клубот најавува дека состојбата ќе му биде надгледувана од ден на ден, јасно е дека тој е отпишан за реваншот против Барселона бидејќи не постојат шанси за четири дена да биде подготвен за игра. Според специјалистите, за ваков тип повреди потребна е најмалку една недела одмор, а Лаутаро нема толкав период.
Неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за Интер, но и Барселона на првиот меч настапи без првиот голгетер во тимот Роберт Левандовски.