
Попович не е повеќе тренер на Сан Антонио, се сели во канцеларија
Тимот од Тексас го водеше 29 години, од сезоната 1996/97 и оттогаш оствари вкупно 1.422 победи, најмногу од сите тренери во постоењето на НБА лигата. Освен тоа, освои и пет шампионски прстени, сите со Сан Антонио и три пати беше прогласуван за тренер на годината.
Во ноември минатата година, тој имаше мозочен удар поради што ја остави екипата и повеќе на се врати на клупата. Неговата позиција ја пополни асистентот Мич Џонсон како привремен тренер, но се чини дека тој ќе биде назначен за нов постојан предводник на Сан Антонио.
Од друга страна, Попович се уште нема да си замине и ќе остане во Спарс, но на друга позиција. Франшизата објави дека тој во иднина ќе работи како претседател за кошаркарски операции што значи дека се сели во канцеларија.