Нови проблеми за Анчелоти: И Белингам неизвесен

Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор вчера се вратија на нормални тренинзи во тимот на Реал, но денеска Анчелоти не можеше да смета на англискиот репрезентативец Џуд Белингам.

Според извештаите од шпанските медиуми,, тој има повреда и не може да тренира со полн интензитет поради што неговиот настап на мечот против Селта е доведен под знак прашалник. Реал во финишот од сезоната се соочува со големи проблеми со повредение фудбалери, речиси цела одбрана е во аут, а Анчелоти не може да смета ни на Камавинга од играчите во средниот ред.

Дуелот со Селта е од огромно значење за мадридскиот тим бидејќи со евентуален кикс Реал би можел да заостане шест или седум бода во однос на Барселона, а тоа се веќе два меча негатива, на четири кола пред крајот на сезоната.